Петрушевски: Власта сака да воведе целосна цензура и контрола на медиумите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на донесувањето на измени на Законот за ауди и аудиовизуелни медиумски услуги за да го спречи тоа.

366

Власта се обидува  брутално да ја политизираат и да ја стави под целосна контрола Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, обвини денеска  на прес-конфернеција пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на донесувањето на измени на Законот за ауди и аудиовизуелни медиумски услуги со кои власта сака да воведе целосна цензура и контрола на медиумите.






– Ова го нема ниту во најтоталитарните режими во светот.Со измените на овој закон власта сака изборот на членовите на оваа Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да се избираат со мнозинство на пратеници во Комисијата за избори и именување, како и при гласање на овој предлог за изменување на законот во Собрание. Власта ги изменува досегашните членови од законот каде што се избираа членови на ова тело со двотретинско мнозинство, да се избираат со мнозинство од 61 пратеник во Собранието – појасни Петрушевски.

Тој рече и дека пратениците на СДСМ кои од опозиција предлагаа избор на овие членови со двотретинско мносинство сека предлагаат изборот да се врши со просто мнозинство.

– Ова е уште еден од многуте докази за лицемерните политики на СДСМ во текот на изминатите години. Омилена дисциплина на оваа власт е контрола и целосна цензура на медиумите. Ова го видовме и пред неколку недели овде во Собранието, како се поделија пари на граѓаните за контрола врз медиуми.Дното оваа власт веќе не го допираа, туку веќе и го пробива. Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието – рече тој.

Петрушевски информира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на носењето на овие измени во Собранието.

Поврзани содржини