Петрушевски: Одморот на Николовски „Путерот“ и Рашковски во Дубаи и Мексико чини 200 ваучери, за 200 семејства да летуваат
Одмор во Дубаи чини околу 10.000 евра,, а одмор во Мексико во овој дел од годината, со хотелско сместување и авионски карти чини некаде околу 20.000 евра.
Народ гладува, повеќе од половина милион граѓани живеат со под 2 евра на ден, 55.000 ги загубија своите работни места, 6.200 фирми се затворија. Владее општа мизерија, заради власта која е неспособна, а Љупчо Николовски – Путерот и Драги Рашковски, баш во овој момент решија да се почестат одмори во Дубаи и Мексико од по десетици илјади евра, вели на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
– Ова се луѓе одлепени од реалноста и забегани од криминалот. Од тоа што може да се види низ интернет страниците на сајтовите за букинг станува јасно дека одмор во Дубаи чини околу 10.000 евра, односно 600.000 денари, тоа е колку годишните примања на една цела фамилија, од тие пари тие плаќаат сметки, живеат, школуваат деца, па можеби и одат на одмор, ама не во Дубаи како Љупчо – „Путерот“. Рашковски во поглед на раскош и гламур го надминал Љупчо – „Путерот“, од тоа што се гледа на интернет страниците на сајтовите за букинг и туристички агенции, одмор во Мексико во овој дел од годината, со хотелско сместување и авионски карти чини некаде околу 20.000 евра. Само одморот на Рашковски чини колку 200 ваучери за туризам или 200 одмори на просечниот македонец – вели Петрушевски.
Тој додаде дека двајцата врвни луѓе на Заев за одмор трошат буквално колку еден стан.
– Ова се слики од некој од хотелите во Дубаи и Мексико. Да не ги мислите функционерите од власта. Ова е лудачка работа. Оставки веднаш! Срамно, неморално, нечовечки! Но тука се поставува уште едно прашање, кое не смееме да им го премолчиме. Од каде им десетици илјади евра за еден одмор. Платата на Љупчо – „Путерот“ и Рашковски е нешто околу 60.000 денари. За одмор во Дубаи и Мексико се потребни една односно две годишни плати на двајцата. Тоа значи дека или и двајцата не јаделе ништо две години за да идат на одмор, или имаат приходи кои не ги прикажале во нивните анкетни листови. Наскоро ќе знаеме – рече Петрушевски.