📽️ ПЕТРУШЕВСКИ ОБВИНИ ДЕКА СДСМ ГО ПОДДРЖУВА КРИМИНАЛОТ НА МИРЧЕВСКИ Не го сменил од лидерската позиција на партиска комисија
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ смета дека ако СДСМ не го разреши Пеце Мирчевски од претседател на партиската комисија, покажува дека го поддржуваат неговиот криминал.
До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДСМ?, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Тој покажа дел од партиската интернет страница на СДСМ на кој се гледа дека Пеце Мирчевски е претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање.
– Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал, и проневера на државни пари. Тој наместо за интересот на Службата и владата, работел за својот личен интерес и профит. Ако СДСМ не го разреши Пеце Мирчевски од претседател на партиската комисија, покажува дека го поддржуваат неговиот криминал. Ако СДСМ не го разреши и не се дистанцира од Пеце Мирчевски и нему сличните од јатото на Заев, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев, тие ќе продолжат само да тонат – рече Петрушевски.