Ана Петровска која денеска на владина седница беше разрешена од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина, вели дека останува да се бори за животната средина.
„Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосреден начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија. Благодарна сум на Владата и на премиерот за честа и довербата што ми беше укажана. Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина, напиша на Фејсбук Петровска, по разрешувањето.
Таа се враќа на старото работно место во Министерството за животна средина.