Петровска: На границата со Грција нема многу мигранти, но опасност постои
Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои се додека не биде решен од таму каде што потекнува.
На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.
– Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно – рече заменик-министерката Петровска на денешната нејзина посета на СВР Велес.
Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои се додека не биде решен од таму каде што потекнува.
Фото: МИА