Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска вели дека ќе предложат уште еден амандман на законот за лични карти со кој изјаснувањето по етничка основа да не биде задолжително.
– Ставот на СДСМ е јасен и рековме дека сме овој закон да влезе во собраниска процедура, дека ќе го поддржиме со мали измени. Тие мали измени сме подготвени да ги образложиме. Поднесовме два суштински амандмани за кои имаме образложение, зошто ги поднесуваме и најавуваме уште еден аамандман, којшто се однесува на допрецизирање на законот во поглед на тоа дали пишувањето ќе биде задолжително или не, односно изјаснувањето на граѓанинот – вели Петровска за 24 анализа.
Таа вели дека без разлика дали ќе се усвои или не тој закон, тоа не значи дека ќе бидеме поголеми или помали македонци и дека тоа е политика на минати времиња.