ПЕТРОВСКА ЌЕ ПОБАРА ЖЕЛИНО ДА ДОЗВОЛИ ДА СЕ ИЗГРАДИ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ КАЈ КАРПАЛАК Министерството за одбрана е подготвено да го изгради

451

Министерството за одбрана денеска ќе испрати барање до општина Желино за подигнување спомен обележје за загинатите бранители кај Карпалак, соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на 22-годишнината од заседата во која беа убиени десетмина бранители, припадници на Армијата во 2001 година кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово.

– Овие луѓе го дадоа најскапоценото, својот живот, за нашата татковина и како министерка за одбрана сметам дека заслужуваат достојно спомен обележје со кое нема да ги вратиме назад, но ќе имаме место каде достојно ќе оддаваме почит. Денеска во текот на денот, во општина Желино, која е надлежна општина, како што направив и за Вејце, ќе испратам барање да биде дозволено тука да се изгради достоен споменик, а се разбира Министерството е подготвено тоа да го реализира – рече министерката.






Кај Карпалак беа убиени бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

 

Поврзани содржини