Петровска: Ќе бидеме ригорозни во спроведување на мерките 

Полицијата, вели таа, се обидува преку патроли да го покрие колку што може повеќе просторот на градот Скопје, меѓутоа и на оние општини кои се прогласени како критични.

345

Направени се планови за постапување и поставување на полициските службеници, а дополнително се направени и вонредни тимови кои го следат постапувањето на полицијата.

Ова денеска го истакна дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во однос на тоа дали се планира зголемување на полициските контроли во општините Чаир, Аеродром и Сарај.






– Потребата од тоа колку полициски службеници ќе бидат ангажирани се менува постојано и согласно тоа ги ангажираме на терен по насока добиена од самите началници од секторите за внатрешни работи. Во моментот навистина е фреквентно во Охрид, таму дополнително утринава се испратени полициски службеници кои ќе им помогнат на своите колеги – рече Петровска.

Полицијата, вели таа, се обидува преку патроли да го покрие колку што може повеќе просторот на градот Скопје, меѓутоа и на оние општини кои се прогласени како критични.

– Од секаков тип евиденција која постои за прекршување на полицискиот час ќе биде соодветно процесуирана и ке бидат преземени мерки против нив. Тоа значи ако постојат докази за прекршување на полицискиот час, со подоцнежна идентификација на сторителите против нив ќе бидат преземени мерки. Полицијата во моментов е на територијата на Скопје, онаму каде што има фиксни пунктови, поставени се контроли, а останатите делови ги контролираме преку патроли – додаде Петровска.

Таа нагласи дека ќе бидат ригорозни во спроведувањето на мерките и ќе се трудат законот да биде спроведен поеднакво за сите граѓани.

– Апел до сите граѓани дека полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас – рече Петровска.

Поврзани содржини