Петров: СДСМ не го иницира ниту го оправдува однесувањето на затворениците

417

СДСМ не иницира, ниту оправдува вакво однесување, рече денеска Коста Петров, потпретседател на СДСМ, одговарајќи на прашање во врска со собирот на затвореници во затворот Идризово кои се фотографирале со партиски знамиња и ги извикувале имињата на Заев и на Шекеринска.

Запознаени сме со тој случај, повторно кажувам дека нашата партија ниту иницира, ниту оправдува вакво однесување во каква било институција и повторно апелирам сите граѓани да ги почитуваат мерките, да држат дистанца, да носат маски, а оние кои што не ги почитуваат овие правила да бидат строго казнети – рече Петров.

Поврзани содржини