Потрес со епицентар на шест километри западно од Петриња е почувствуван вечерва со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Вечерашниот земјотрес, според сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба, е евидентиран околу 19 часот.
На петрињското епицентрално подрачје од 28 декември до денеска се регистрирани 374 потреси од кои 109 во последните два дена, информираа од Геофизичкиот отсек на Природно-математичкиот факултет во Загреб.
Според проценки на сеизмолозите, ќе нема скоро смирување на тлото.