ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОСТАВКА ОД „ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“ НА СДСМ На Филипче му порача – или си СДСМ или си тезгарош!

2,481

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и член на раководството на СДСМ, со пост на Фејсбук побара оставка од „претседателот“ на СДСМ Венко Филипче.

Шилегов прво објави пост со следната содржина:






„Македонското законодавство познава убиство од небрежност.

Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!!!

Или тешка Ви е одговорноста ?

Или Ви тежи договорот?

Или си СДСМ или си тезгарош!!!

М?

Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави…“

Откако, како што вели, многумина не ги разбрале пораките во неговиот пост и добил повеќе од 50 телефонски повици за 7 минути, со нов пост на Фејсбук, Петре Шилегов прецизираше:

„Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!!!“

Поврзани содржини