Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово во 6:24 минути Загреб, а потоа, во 7:01 минута проследен со уште еден земјотрес од пет степени, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Во земјотресот загина девојче на возраст од 15 години, потврдено е од Заводот за Итна медицина на градот Загреб, јави Хина.
Пожарникарите сè уште се на терен и ги извлекуваат заробени во урнатините.