Петмина завршија во карантин на своја сметка последното деноноќие

Вкупно 544 граѓани фатени како не носат маски.

454

Вкупно 886 граѓани во изминатото деноноќие добиле  решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Како што е соопштено полицијата извршила контроли кај граѓаните кои се во изолација и самоизолација, a евидентирани се петмина кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.






Полицијата регистрирала 544 прекршоци кои се однесуваат на не носење маски.

Поврзани содржини