Петмина загинати во карамбол на стотина автомобили во Тексас (ВИДЕО)
Пожарната служба на Форт Ворт соопштила дека нејзините припадници оделе од автомобил до автомобил и им укажувале помош на несреќните луѓе.
Најмалку пет лица загинаa во голем верижен судир во кој учествувале помеѓу 70 и 100 возила.
Повредени се неколку десетици луѓе, како резултат на многу лизгавиот пат, кога десетици возила не можеле да закочат и буквално се забивале еден во друг.
Пожарната служба на Форт Ворт соопштила дека нејзините припадници оделе од автомобил до автомобил и им укажувале помош на несреќните луѓе.
Портпаролот на локалната болница за дел од американските медиуми соопштил дека 36 лица биле хоспитализирани по инцидентот.