Петмина штипјани ја загубија битката со ковид-19

Според извештајот на болницата во Ковид-центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.

404

Најцрна ковид статистика за Штип од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа во Ковид-центарот починаа петмина штипјани, на возраст од 48 до 79 години. Според извештајот на болницата во Ковид-центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.

Во меѓуврем,е штипскиот Затвор го има вториот бран на заразени од почетокот на пандемијата. Петмина осудени лица и двајца вработени се позитивни на коронавирусот.






Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров, вели дека тројца од осудените лица се спроведени на Инфективното одделение да им се напарави крвна слика и снимка на белите дробови.

– Петмината осуденици се во добра здравствена состојба и се изолирани во две посебни простории, нашиот лекар е во комуникација со инфектолозите и во текот на денот им се прави и мерење на телесната температура и сатурација – информира тој.

Директорот не го открива индентитетот на осудените лица, но неофицијално меѓу заразените се и Митко Чавков поранешен директор на БЈБ и Митко Пешов началник на специјалните полициски сили. Ова е втор бран, со што досега се заразени седумина осуденицици, а заразата ја поминале претходно 15 вработени.

Поврзани содржини