ПЕТМИНА СЕ ИСТЕПАЛЕ ВО СКОПСКИ РЕСТОРАН Двајца од нив се уапсени

Тепачката се случила во ресторан на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

2,682

Полицијата соопшти дека синоќа (четврток) уапсила двајца скопјани кои учествувале во тепачка во ресторан на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. С.С.(23) и М.З.(24) учествувале во групна тепачка против други три лица, А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45), сите од Скопје, кои исто така биле во ресторанот.

Полицијата вели дека презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини