ПЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА Претрес и апсења во Свети Николе

При контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А. кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купиле од Д.В. - информира полицијата.

227

Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера ги привеле 38-годишниот Д.С. ,35-годишниот Р.А., 31-годишниот Д.В и 28-годишниот Д.Т сите од Свети Николе, како и 23-годишниот А.П од село Горобинци, светиниколско.

Како што соопшти МВР, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А. кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купиле од Д.В. Подоцна со судска наредба, полициските службеници извршиле претрес во домот на Д.Т. каде ги затекнале Д.В и А.П. при што била пронајдена и одземена прашкаста материја.






Информриан е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Поврзани содржини