Петмина починаа, а 120 се новозаболени во последните 24 часа по направени 1.367 тестирања. Регистрирани се 63 нови случаи во Скопје, Куманово 4, Дебар 6, Штип 4, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 6, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 12, Свети Николе 1 и Кичево 1, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти се од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје 82, Штип 1, Тетово 30, Струга 2, Битола 2, Гостивар 2, Кочани 4, Пехчево 1, Ресен 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 3.487, активни 1.941
Куманово 805, активни 197
Дебар 116, активни 64
Штип 394, активни 160
Прилеп 283, активни 53
Тетово 789, активни 373
Струга 274, активни 173
Велес 198, активни 44
Битола 63, активни 22
Охрид 209, активни 180
Кавадарци 21, активни 15
Гостивар 173, активни 103
Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 17, активни 9
Крива Паланка 17, активни 11
Радовиш 4, активни 0
Крушево 7, активни 3
Кочани 75, активни 18
Пробиштип 28, активни 17
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 6, активни 4
Пехчево 6, активни 2
Берово 3, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 4, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 5, активни 2
Свети Николе 47, активни 42
Кичево 49, активни 40
Ресен 122, активни 84
Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.367 теста се преку: ИЈЗ 628, Авицена 100, Биотек 134, МАНУ 115, Клиника „Жан Митрев“ 258, Систина со PCR метода 116, ЦЈЗ Битола 16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и две суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 373
Аеродром – 154
Бутел – 167
Гази Баба – 192
Центар – 144
Карпош – 158
Сарај – 140
Кисела Вода – 108
Ѓорче Петров – 109
Студеничани – 107
Шуто Оризари – 91
Арачиново – 50
Илинден – 32
Петровец – 17
Чучер Сандево – 18
Сопиште – 9
Зелениково-8
Странец – 2
Нераспределен- 62