ПЕТМИНА ОД УАПСЕНИТЕ ВО ГРЧЕЦ ДОБИЈА ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА Издаден е налог за притвор за уште 10-мина кои се во бегство

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група која се сомничи за инволвираност во набавки на кокаин и вршење други тешки кривични дела.

254

Судии на претходна постапка од Кривичниот суд, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство, им одредија 30 дена притвор на петмина од осомничените од полициската акција во Грчец.

Прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатнеи со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.






Според надлежните ова е една од најзначајните истраги, со која дефинитвно се разбива криминална група која делувала повеќе од 30 години на територијата на Скопје.

Групата од Грчец имала соработници во разни институции. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група која се сомничи за инволвираност во набавки на кокаин и вршење тешки кривични дела како убиства од декември 2019 година до март во 2021 година. При претресите се запленети голема сума пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.

 

 

Поврзани содржини