СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на 1-ви минатиот месец беше извршена од банкомат, поставен во маркет во Гостивар и до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47) и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К. од Република Албанија.
Како што информира МВР, Н.Р. и А.Б. утринава се лишени од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело.
Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле 1,8 милиони денари.
Приведените со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.