ПЕТМИНА МОНСТРУМИ ВО ТЕТОВО СИЛУВАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Им следува најмалку по 8 години затвор за трговија со дете

Првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда детето жртва, тогаш на 15 годишна возраст, дека  ќе почнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење опојни дроги и на сексуална експлоатација.

195

Ужасно злосторство се случило во Тетово, петмина мажи силувале 15-годишно девојче.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, конкретно Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска поднесе кривична пријава против 5 лица, сите од Тетово, и тоа: против  лицето Ф.М.(25) – за кривично дело Трговија со дете (член 418-г ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – Трговија со дете (член 418-г ст.3 од КЗ) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело Полов напад и силување (член 186 , ст.1 и ст.2).

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда детето жртва, тогаш на 15 годишна возраст, дека  ќе почнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење опојни дроги и на сексуална експлоатација.Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д.,  А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, на повеќе локации на подрачје на Тетово.

Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М., како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз детето.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на  подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените 5 лица, соопшти полицијата.
Поврзани содржини