ПЕТМИНА КАНДИДАТИ ЗА ШЕФ НА СКОПСКОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Советот на јавни обвинители денеска ќе избира

Покрај Гаврил Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. 

655

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски. Тој е поранешен член на СЈО кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во милионски износи, поради што во судир со екс јавниот обвинител Љупчо Коцевски, дојдоа вишите обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.






Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Поврзани содржини