ПЕТЛИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА КУКУРИГААТ, А КРАВИТЕ ДА МУКААТ Франција со закон забрани тужби за смрдеа и звуци на животни од фарми

Франција веќе има закон за заштита на „сензорното наследство на француското село“, што им дава одредени придобивки на земјоделците, но новоусвоениот закон има за цел да им даде поголема заштита на домородните фармери отколку на новодојдените.

194

Францускиот парламент денеска усвои закон за заштита на земјоделците од поплаки од соседите за бучава или непријатни мириси кои произлегуваат од земјоделските активности, со цел да се запре „потенцијалните злоупотреби“ во тужбите на поранешните жители на градовите кои се преселиле на село.

„Овој предлог-закон ќе стави крај на насилните судски процеси против земјоделците кои не работат ништо друго освен нивната работа, а тоа е да не прехранат. Тоа е закон заснован на здрав разум“, напиша министерот за правда на Франција Ерик Дупон-Морети на мрежата Х.






На речиси 500 француски фармери им се суди за бучава и непријатни мириси кои доаѓаат од нивните фарми.

Франција веќе има закон за заштита на „сензорното наследство на француското село“, што им дава одредени придобивки на земјоделците, но новоусвоениот закон има за цел да им даде поголема заштита на домородните фармери отколку на новодојдените.

Поврзани содржини