Петковски: Да се распише референдум за преговорите на Македонија со Бугарија
Не можеме да дозволиме во некое идно време тие да побараат овде да изградиме споменици на нивните борци, откако ќе ги урнеме нашите - рече Петковски, кој не се согласува дека Македонија треба да се држи до дефанзиниот став во односите со источниот сосед.
Нужно е да се распише консултативен референдум околу прашањето „Дали Македонија треба да ги продолжи преговорите со Бугарија онака како што таа го бара или не“, предлага актуелниот лидер на НСДП и поранашен претседател на Собранието, Тито Петковски.
Во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5, Петковски рече дека прашањето секако треба да го утврдат политичките партии со консензус.
Тој не е задоволен од дефанзивната политика на актуелната власт во однос на нападите од соседна Бугарија.
– Не можеме да дозволиме во некое идно време тие да побараат овде да изградиме споменици на нивните борци, откако ќе ги урнеме нашите – рече Петковски, кој не се согласува дека Македонија треба да се држи до дефанзиниот став во односите со источниот сосед.
Тој повика и бугарскиот претседател Румен Радев да дојде во Македонија и да се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам.