ПЕТКОВ ГО ПОЗДРАВИ ФАЌАЊЕТО НА ПИРОМАНОТ Се заблагодари за брзата акција

Им благодарам на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за нивните ефективни постапки, кои што брзо го фатија пироманот, вели Петков.

182

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, го поздрави откривањето на подметнувачот на пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Го поздравувам откривањето на сторителот на палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола. Им благодарам на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за нивните ефективни постапки, кои што брзо го фатија пироманот. Дефинитивно нема да подлегнеме на провокации насочени кон саботирање на односите со нашите соседи – изјави Петков.

Поврзани содржини