ПЕТКОВ ГИ ОБВИНИ РУСКИТЕ АГЕНТИ Работеле против добрососедските односи на С Македонија и Бугарија

300

Агентите што беа откриени како руски шпиони во бугарската Државна агенција „Национална безбедност“ (ДАНС), работеле против добрососедските односи на Бугарија со Северна Македонија и со Западниот Балкан, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за софиски „24 Часа“.

– Тука треба сите да се замислиме зошто руската држава инвестирала средства преку нејзината шпионска мрежа за таа цел – вели Петков.






Според него, сите треба да се запрашаат дали долгорочен бугарски интерес е Северна Македонија да стане дел од ЕУ или да „остане една исклучена земја“.

– Според мене тоа се важни прашања за кои треба да се замислиме, уште повеќе кога има тенденција дека некој работи против тоа. Дали навистина бугарски интерес е Република Северна Македонија да се оддалечува од членство во ЕУ или пак тоа е руски интерес, кој не сака да го види целиот Балкан стабилен и дел од Европа – истакнува Петков за „24 Часа“.

На истата тема во интервју за телевизијата БТВ, Пеков нагласи дека е очигледно оти има руско мешање во Бугарија поврзано со Западниот Балкан и Северна Македонија.

– Во овој скандал станува збор за руски интереси. Луѓето кои беа вмешани работеа во многу специфичен правец, а тоа е Западниот Балкан да нема европска иднина и нашите односи – односите меѓу Република Северна Македонија и Бугарија, да не бидат толку пријателски, какви што би сакале да бидат како меѓу едни добри соседи – вели Петков за БТВ.

Поврзани содржини