Откако актерот Џони Деп, поради изгубената пресуда против британскиот таблоид „Сан“ кој објави дека ја злоставувал поранешната сопруга Амбер Херд, мораше да поднесе оставка и да се откаже од улогата на Гринделвалд во претстојното продолжение на филмот „Фантастилни ѕверки“, јавноста сега истото го бара и од Херд, која помогна во судењето против Деп.
Во петицијата која започна да кружи на социјалните мрежи се собрани повеќе од еден милион потписи за Амбер Херд да се отстрани од актерската постава на филмот „Aквамен“ во која ја толкува улогата на Мера.
Петицијата стана една од најпопуларните и најпотпишуваните петиции некогаш, а бројните обожаватели сметаат дека на Деп му е сторена голема неправда и на овој начин сакаат да ја исправат истата.
Бидејќи „Ворнер брос“ стои зад двата филма, многумина мислат дека единствената правилна работа е да ѝ врачат отказ и на Амбер Херд. На интернет, луѓето веќе започнаа да пишуваат предлози за нејзината замена, а се чини дека повеќето сакаат во улога на Мера да ја видат Емилија Кларк, која се прослави со улогата на Денерис во „Игра на тронови“.
„Емилија Кларк и Џејсон Момоа повторно ќе бидат обединети“, напишал еден корисник на Твитер.
Finished a piece that a had a little time for today. Mera @emiliaclarke
Now back to seeing what GamePass has 😂 pic.twitter.com/aae8bFHbZp
— BossLogic (@Bosslogic) November 11, 2020
ФОТО: Фејсбук/Твитер