ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ГИ ГОЛТНАЛО ТАБЛЕТИТЕ НА БАБА МУ Инцидент во Чегране, малолетникот итно пренесен во болница

5-годишно дете од село Чегране заврши во болница откако, додека било под грижа на баба и дедо, дошло до таблети оставени на лесно достапно место и ги проголтало, по што било префрлено на Детската клиника во Скопје во стабилна состојба.

117

Сериозен инцидент се случил во Гостивар кога 5-годишно дете завршило во болница по труење со лекови во семејната куќа во село Чегране.

Според информациите, додека мајката била на работа, детето било оставено кај бабата и дедото. Во еден момент, поради невнимание, дошло до таблети кои биле оставени на лесно достапно место и ги проголтало.






– Мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа, поради невнимание, детето дошло во допир со таблети кои биле оставени на лесно достапно место од страна на неговата баба и ги голтнало, по што се појавиле здравствени компликации – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Детето е затекнато во стабилна и контактибилна состојба, а по укажаната првична помош е префрлено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега и испитувања.

Поврзани содржини