Во филипинската провинција Северен Самар во тек на интервенција на илегална борба на петли еден од нив ја усмртил полицајката Кристин Болок.
Птицата ја удрила поручничката Болок со нога на која било прицврстено челично острило, остро како жилет, кое обично се става на нозете на петлите за борба, пренесува BBC .
Острлото и го пресекол левиот бут, пресекувајќи ја феморалната артерија. Болок е префрлена во болница и прогласена дека е мртва.
Борбата на петли е забранета во Филипини во екот на пандемијата на коронавирусот.
Пред пандемијата, борбите биле дозволени само во лиценцираните борилишта во недела и за празниците, како и во време на локални слави кои траат најмногу три дена.