Петар Грашо прележал коронавирус во тајност па сега откри какви симптоми имал

1,359

За разлика од неговите колеги од естрадата, хрватскиот пејач Петар Грашо се борел со коронавирусот во тајност. Како што открил, тој имал благи симптоми, а сето тоа се случило пред три недели.

Како што потврдил за „Слободна Далмација“, Петар Грашо исто така се најде меѓу толпата која што се зарази со ковид-19.






– Тоа беше пред три недели, имав благи симптоми, така што немам што да кажам – потврдил тој во пораката за „Слободна Далмација“.

За разлика од своите колеги музичари, кои јавно зборуваа за своето искуство со коронавирусот, Петар Грашо решил да не го изнесува тоа во јавноста.

На својата официјална веб-страница, Грашо напиша дека здравјето е приоритет во моментот, и тој ги одложува сите концерти до ново известување.

 

Поврзани содржини