Петар Грашо има нова девојка: Со оваа убавица ја замени Даниела Мартиновиќ! ФОТО

5,155

Откако јавноста одекна дека сплитските пејачи Данијела Мартиновиќ (49) и Петар Грашо (45) раскинале по 24 години врска, словенечките медиуми започнаа да го поврзуваат со атрактивната винарка од Словенија, Соња Ерчуљ, пишуваат хрватските медиуми.

Соња, инаку, работи како директор за маркетинг во една од водечките словенечки винарии „Пуклавец“, а словенечките медиуми објавија дека атрактивната русокоса и хрватскиот музичар биле видени заедно на вечера во Добрепоље.






Фотографијата која сѐ уште е на Фејсбук профилот на Соња ги подгреа ваквите шпекулации. Во меѓувреме тие почнале и да соработуваат. Медиумите пишуваат дека Соња и Грашо биле видени во близина на нејзиното место на живеење каде веќе извесно време чаршијата зборува дека ги спојува нешто повеќе од бизнис.

Со оглед на тоа дека гласините за нивната приватна врска станаа сѐ почести, Соња решила да им стави крај.

– Точно е дека деловно соработуваме, но не сме поврзани приватно. Ова е мало место и тука многу се зборува. Тоа е затоа што луѓето не разбираат што значи деловна соработка – рекла таа за словенечкиот „Журнал24“.

Имено, семејната винарија „Пуклавец“, каде што е вработена Соња, го произведува  виното „Грашо“, зад кое стои пејачот од Сплит, која е чест гостин во Словенија.

 

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини