ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ФОТЕЛЈА ВО ДРУГА ВЛАДИНА ИНСТИТУЦИЈА На средба со Мицкоски била договорена прераспределба на позиции

Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски концепт во рамки на извршната власт, соопшти Македонски концепт.

4,822

Потврдено е дека претседателот на Македонски концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција, а не со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, соопшти партијата Македонски концепт по средбата на Богојески со премиерот Христијан Мицкоски.

Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски концепт во рамки на извршната власт, соопшти Македонски концепт.






На средбата со премиерот Мицкоски, како што соопшти партијата на Богојески, била потврдена добрата соработка во рамки на Коалицијата „Твоја Македонија“. Била дадена позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети. Бил договорен заеднички настап на следните локални избори при што е споделено убедување за голема победа.

Именувањето на лидерот на Македонски концепт за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во април годинава предизвика негативни реакции кај дел од јавноста, но и од Европската комисија.

„Европската комисија ги забележа медиумските извештаи во врска со назначувањето на Петар Богојески за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија. Оваа агенција, назначена од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите ‘Еразмус +’ и Европскиот корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија. Комисијата не беше вклучена во процесот на селекција и номинација на Богојески и сè уште не е официјално информирана за тоа“, рекоа од ЕК во одговор на прашање на порталот „Порталб“ кон средината на април.

Поврзани содржини