ПЕТАР ЈАНКОВ ВЕТИ МНОГУ РАБОТА ВО СТРУМИЦА Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има визија за модерна општина

Во периодот што следи Јанков најави дека ќе разговара со граѓаните и ќе се видат нивните потреби и размислувања.

140

Визијата за помодерна, урбана и почиста Струмица не е само моја, туку е ваша визија. Наша задача е да ги подджриме младите, да се грижиме за постарите и да ја развиваме и унапредуваме локалната економија, истакна кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, на денешната прес конференција.

Тој додаде дека во периодот што следува ќе разговара со граѓаните и ќе се видат нивните потреби и размислувања.






– Знам дека нема да биде лесно, но ве уверувам дека заедно ќе успееме. Ветувам работа, работа, многу работа, чесност и посветеност – подвлече Јанков.

Во денешното обраќање тој се заблагодари за изборот на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Христијан Мицкоски, како и на граѓаните за досега укажаната доверба.

Поврзани содржини