ПЕТ ЗЕМЈИ ЌЕ ОТВОРАТ СМЕТКИ ВО „ГАЗПРОМБАНК“? Шок за Брисел, погодок за Русија
Оваа група вклучува два од најголемите увозници на руски гас, „Унипер“ од Дизелдорф и „ОМВ“ со седиште во Виена. Додека Европа уште бара решение како да се откаже од рускиот гас, Полска и Бугарија се првите земји кои одбија да плаќаат во рубљи, а според „Газпром“ гасот за нив целосно е прекинат. Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на ЕК, реагираше дека Русија уценува преку гасот.
Најголемите европски компании кои се извозници на руски гас се подготвуваат да се согласат со барањето на Мосва за гасот да се плати во рубљи, пишува Фајненшл тајмс. Дистрибутерите на Германија, Австрија, Унгарија, Словачка, а веројатно и Грција ќе отворат сметки во „Газпромбанк“ во Швајцарија каде ќе плаќаат во евра, но нивната уплата ќе биде заменета во рубљи и ставена на паралелна сметка.
Оваа група вклучува два од најголемите увозници на руски гас, „Унипер“ од Дизелдорф и „ОМВ“ со седиште во Виена. Додека Европа уште бара решение како да се откаже од рускиот гас, Полска и Бугарија се првите земји кои одбија да плаќаат во рубљи, а според „Газпром“ гасот за нив целосно е прекинат. Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на ЕК, предупреди дека ова е уцена со руски гас.
Додека одлуката е сигурна за компаниите од четири земји, Грција најави дека нема да има проблем со снабдувањето во иднина и дека ќе плати за гасот кон крајот на овој месец, без да прецизира дали тоа би значело прифаќање на руските услови.
За потсетување, Русија побара сите плаќања за гас да се извршуваат по новиот систем од 1 април годинава.