Пет вработени и 35 деца од делчевска градинка одат во самоизолација
Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект
Триесет и пет деца од градинката „Весели цветови“ од Делчево одат во самоизолација, бидејќи кај две воспитувачки и едно дете присуство на вирусот ковид-19,
Директорката на градинката Билјана Симовска информираше дека освен дечињата по насока на епидемиолог во изолација одат и четири негувателки и една воспитувачка.
– Една од негувателките кои одат во изолација е веќе тестирана и е негативна на вирусот, додека останатите три негувателки и една воспитувачка ќе се тестираат во вторник. Ова практично значи дека во изолација ќе бидат 3 воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект – информираше Симовска.
Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект, а во текот на денешниот ден како што додаде, ќе се изврши дезинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.