ПЕТ САНКЦИИ КОИ ЈА ЧЕКААТ РУСИЈА АКО ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА Економски колапс и прекин на „Северен тек 2“ се дел од нив

Од санкции за најголемите банки и олигарси блиски кон Путин, до замрзнување на електронското плаќање за целосна економска изолација на Русија е планот на Бајден, многу пореален отколку вистинска војна и конфронтација во Украина.

3,723

Економските санкции со кои Бајден ќе проба да ја колабира Русија доколку избувне конфликт во Украина се многу поверојатно да се случат отколку реална војна и жртви. Слично како во случајот со Иран, САД со своите европски сојузници од утринава планираат остри мерки, „со големо влијание, од кои се воздржувавме во минатото“, како што изјави Антони Блинкен, американскиот државен секретар, јавува Гардијан.

– Сегашните санкции против Русија се лесни. Ако санкциите за Иран се со интензитет 10 од 10, денешните санкции за Русија се можеби два или три. Ниту една голема руска компанија во државна сопственост не е под целосно блокирани санкции – изјави Едвард Фишман, висок соработник во Атлантскиот совет.






Од целосно блокирани сметки до откажување на „Северен тек 2“, цевката за гас со која Путин планира економски да ја уценува Европа оваа зима поради недостатокот од енергенси и кризата, еве ги петте најсилни мерки со кои Западот може да ја изолира Русија.

Нема електронско плаќање со „Свифт“

Најголемиот џокер во рацете на Бајден е да ја исклучи Русија од глобалниот систем за електронско плаќање, „Свифт“, кој е со седиште во Белгија. Тоа веќе беше една од најосакатувачките мерки кои се користеа против Иран. Целта е Русија да стане ризична за инвестирање во меѓународниот финансиски свет. Иако е најригорозна, оваа мерка може да биде применета последна, откако другите ќе бидат исцрпени.

Нема купување на руски обврзници

Во април, САД им забранија на своите финансиски институции да купуваат руски државни обврзници, но ефектот беше мал, речиси занемарлив. Сега, Вашингтон би можел да оди многу подалеку и да го санкционира секундарниот пазар на руски обврзници, каде тие се препродаваат и пакуваат со други инвестиции.

Германија може да го откаже „Северен тек 2“

Гасоводот од Русија до северна Европа е завршен, но не е сертифициран за употреба од германскиот енергетски регулатор. Членовите на новата германска владина коалиција изразија скептицизам во врска со проектот и можно е тој целосно да биде откажан во случај на руска инвазија на Украина. Европа можеби ќе се смрзнува оваа зима поради недостатокот од гас, но барем нема да ја гази руска чизма?

Санкции на руските корпорации и банки

– Администрацијата на Бајден би можела да воведе целосно блокирачки санкции за големите руски банки, енергетските компании или одбранбените фирми … или да воведе опсежни забрани за инвестиции и давање услуги на конвенционални руски нафтени проекти – рече Фишман.

Две можни цели се ВТБ банка и Газпромбанк, најголеми банки во Русија.

Санкции за олигарсите и нивните семејства

Американското Министерство за финансии се двоумеше да воведе санкции за руските олигарси, откако мерките преземени против Олег Дерипаска имаа влијание врз активностите на неговата компанија за алуминиум „Русал“ во Ирска, што предизвика голема кавга со Даблин.

Во пресрет на окупацијата на Украина, американскиот Конгрес најверојатно на црната список ќе додаде уште олигарси кои се пријателски настроени кон Путин. Членовите на семејството од кругот на Путин, исто така, би можеле да бидат на мета. За извршување на целта ќе биде одврзано ќесето на буџетот за одбрана на САД.

Поврзани содржини