Пет новозаразени со делта сојот во Скопје, Куманово и Тетово
Тој објасни дека во Македонија има и други мутации на коронавирусот, освен делта сојот, а за заштита од сите нив, засега единствен лек е вакцината..
Пет новозаболени од индискиот сој на ковид-19, од кои тројца во Скопје, а по по еден случај во Куманово и Тетово се детектирани во земјава во текот на последнава недела, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објасни дека во Македонија има и други мутации на коронавирусот, освен делта сојот, а за заштита од сите нив, засега единствен лек е вакцината.
Филипче уште еднаш упати апел што поголем број граѓани да се вклучат во процесот на имунизација за да се избегне втор бран наесен, за кога се можни и рестрикции во случај да дојде до влошување на епидемилошката состојба во државата.
Во моментов се прават анализи според кои, од вработените во здравството вакцинирани се над 85 отсто, а во градинките и училиштата над 54 отсто од вработените, додаде Филипче.