Пет нови заболени од кои 4 медицински лица од Дебар
Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели - објави Аголи на својот Фејсбук профил.
Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, 5 се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар.
Персоналот од амбуланатата во Дебар е во карантин, откако било констатирано дека персоналот е позитивен на корона вирусот. Ова предмалку го објави доктор Арбен Аголи, педијатар од Дебар.
– Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели – објави Аголи на својот Фејсбук профил.
Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.
За вечерва, Министерството за здравство најавува прес конференција во Владата, а за времето на одржување инфомрцијата ќе биде испратена дополнително од Владата на РСМ.