ПЕТ НАЈКОРИСНИ ЗЕЛЕНЧУЦИ ЗА ЗДРАВО СРЦЕ Препорачливо е да се јадат најмалку 500 грама зеленчук дневно
Зеленчукот е богат со антиоксиданти, витамини, минерали и фитохемикалии, а се препорачуваат најмалку 500 грама разновиден зеленчук дневно.
Јадењето зеленчук секој ден може да ја подобри кардиореспираторната кондиција или да ја зголеми способноста на телото да снабдува и користи кислород за вежбање. Овој факт го потврдило професионалното здружение на кардиолози во студија објавена во Европскиот журнал за превентивна кардиологија (European Journal of Preventive Cardiology). Со неа придобивките од јадењето зеленчук биле изедначени со придобивките од вежбањето, поточно, со 4.000 чекори дневно.
Како зеленчукот влијае на срцето?
Поради богатството од антиоксиданти, витамини, минерали и фитохемикалии што се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, придобивките што ги даваат се корисни за крвниот притисок, холестеролот и одржувањето здрава тежина. Затоа е тешко да се заменат со додатоци во исхраната. Влакната во зеленчукот се врзуваат за холестеролот, што помага во намалувањето на вкупниот и LDL холестеролот. Покрај тоа, консумирањето повеќе влакна, според публикацијата во научното списание Hypertension, ги поттикнува цревните бактерии да произведуваат соединенија што го намалуваат крвниот притисок.
Кој зеленчук е најдобар за вашето срце прочитајте на порталот „Арт кујна“.