ПЕТ МОЛОТОВИ КОKТЕЛИ ФРЛЕНИ ВРЗ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО АТИНА Оштетено е возило и влезот на зградата
Сторителите веднаш по нападот заминале во непознат правец.
Вечерва, непознати лица ја нападнаа полициската станица во Атина со молотови коктели, никој не беше повреден, а беше предизвикана штета на влезот од зградата и паркиран автомобил, објавува „Катимерини“.
Според извештаите, нападот се случил кратко пред 20 часот по локално време кога група од најмалку шест лица се приближила до зградата и фрлила пет молотови коктели.
Сторителите веднаш по нападот заминале во непознат правец.
На крајот од вчерашниот комеморативен за убиството на Александрос Григоропулос, имало инциденти меѓу демонстрантите и полициските сили, а 15 лица биле уапсени.
Григоропулос (15) бил убиен за време на насилните протести во атинската населба Есаркија во 2008 година.
Во октомври 2010 година, судот во грчкиот град Амфис го осуди полицаецот Епаминондас Корконеас (38) на доживотен затвор за убиството на Григоропулос.