ПЕТ МЛАДИ ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО КАТАЛОНИЈА Жртвите не можеле да ја напуштат зградата

Четворица се полесно повредени во пожар што изби во станбена зграда во градот Манлеу, североисточна Шпанија.

254

Пет луѓе загинаа, а четворица се полесно повредени во пожар што изби во станбена зграда во Каталонија, североисточна Шпанија, соопшти синоќа регионалната противпожарна служба.

Пожарот изби со петкатница во градот Манлеу.






Сè уште е непознато зошто жртвите не можеле да ја напуштат зградата.

Каталонската полиција отвори истрага за причините за пожарот.

Идентификацијата на жртвите денеска ќе биде завршена, а некои од телата се јагленисани.

Се претпоставува дека загинатите се млади лица, а можеби и малолетници.

Поврзани содржини