ПЕТ МЕСЕЦИ ПОДОЦНА Откриена причината за смртта на порно-ѕвездата Софија Леоне

Порно-актерката Софија Леоне беше пронајдена мртва во својот дом во март, а сега е откриена и причината за смртта. Оваа 26-годишна девојка починала од последици од предозирање.

636

Порно-актерката Софија Леоне беше пронајдена мртва во својот дом во март, а сега е откриена и причината за смртта. Оваа 26-годишна девојка починала од последици од предозирање.

Полицијата навела дека причина е случајно предозирање, а останува непознато со што точно Софија се предозирала, пишува „Дејли мејл“.






За латиноамериканската порно-актерка се вели дека ја започнала својата кариера пред да наполни 20 години и во текот на кариерата заработила повеќе од милион долари. Кариерата ја започнала во порно- индустријата откако агент ја забележал на фестивал во Мајами.

Порно-актерката беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Ново Мексико од нејзиното семејство, се вели на страницата GoFundMe.

Во натписот, очувот на Софија Мајк Ромеро рече дека „ненадејната загуба го остави нејзиното семејство уништено и во шок“, но додека семејството се збогува со својата ќерка, тие исто така „трагаат по правдата“.

„Во име на нејзината мајка и семејството, со тешко срце морам да ја споделам веста за смртта на нашата сакана Софија“, напиша Ромер на страницата. „Покрај тешкиот процес на тагување и барање правда за Софија, семејството се соочува и со финансиски товар за кој не биле подготвени. Ги замолувам сите поддржувачи и заедницата на Софија во овој исклучително тежок период“, продолжи Ромеро со изјавата.

Прво имаше гласини за смртта на ѕвездата во врска со можен грабеж поради објава на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, поставена од агенцијата за таленти за возрасни „101 Моделинг“.

Меѓутоа, набргу потоа, полицискиот оддел во Албакерки ги разјасни тие тврдења во изјава за „Пипл“ две недели подоцна.

„Во овој момент смртта ја истражуваме како сомнителна смрт, а не како убиство, бидејќи прелиминарната обдукција не откри повреди и не ја утврди причината за смртта“, откри полицијата за медиумите.

Во тоа време, извор близок до истрагата ја нарече ситуацијата „уникатна“ поради фактот што полицајците не беа сигурни дали е сторено кривично дело или не.

Но, сега, пет месеци подоцна, полицијата изјавила за ТМЗ дека смртта на пејачката била поврзана со случајно, но фатално предозирање, иако не е јасно која супстанција го предизвикала предозирањето.

Мајката на Софија открила и дека нејзината ќерка често консумирала големи количини алкохол и имала самоубиствени мисли, но и покрај тоа, истражителите не откриле траги на повреда на нејзиното тело.

 

Поврзани содржини