ПЕТ КЛУЧНИ НАМИРНИЦИ ЗА ЗДРАВО СРЦЕ Кој го јаде ова ги намалува шансите за срцеви заболувања
Клучна улога во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања имаат пет намирници, кои според новото истражување имаат една заедничка карактеристика.
Во рамки на проектот спроведен од Универзитетот во Барселона, биле анализирани различни научни студии за подобро да се разбере како специфични билки можат да помогнат во лекувањето на кардиоваскуларни болести.
Лукот, шафранот, маслинките, рузмаринот и грозјето биле меѓу истакнатите намирници, со тврдење дека содржат „активни компоненти“ корисни за здравјето на срцето.
„Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво, одговорни за 32% од смртните случаи во 2019 година“, напишале авторите на студијата.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.