ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НИКОЛАС САРКОЗИ Виновен е за заговор, но не и за корупција
Тој е ослободен од обвинението за примање нелегални средства од покојниот лидер на Либија, Моамер Гадафи, но е прогласен за виновен за криминален заговор во истиот случај.
Судот во Париз го осуди поранешниот француски претседател Никола Саркози на 5 години затвор.
Претходно денеска Саркози беше прогласен за виновен за криминална завера поврзана со финансирањето на неговата изборна кампања во 2007 година со пари од Либија.
Судот го ослободи Саркози од другите обвиненија.
Саркози (70) ги отфрли обвинувањата до крај и тврдеше дека постапката против него е политички мотивирана.
Судската постапка против експретседателот беше покрената врз основа на обвинението дека примил 50 милиони евра од поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, за изборната кампања. Тој е ослободен од обвинението за примање нелегални средства од покојниот Гадафи, но е прогласен за виновен за криминален заговор во истиот случај. Ослободен е и од сите други обвиненија, вклучително и за пасивна корупција.
Саркози е обвинет дека се договорил со Гадафи во 2005 година, кога беше министер за внатрешни работи на Франција, да добие финансирање на кампањата за претседател, во замена за поддршка на тогаш изолираната либиска влада на меѓународната сцена.
Прогласен е за виновен за криминална завера помеѓу 2005 и 2007 година. Судот додаде дека Саркози потоа бил претседател на Франција и бил заштитен со претседателски имунитет.
Тој се соочи со неколку правни битки и пресуди против него по претседателската функција.