Томе Божиновски, 85-годишен жител на скопската населба Тафталиџе, кој беше пријавен дека исчезнал пред пет дена, е пронајден мртов.
„Драги соседи, пријатели, познаници огромна благодарност што изминатите пет дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно. На 02.08.24 нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски е најден починат“, се вели во објавата од семејството.
Неговото семејство потврди дека Божиновски боледувал од деменција, што ја отежнало потрагата.
Скопјанецот последен пат бил виден жив кај Соборниот храм.