📽️ 📷 ПЕСОЧНА ПЛАЖА И ТИРКИЗНО МОРЕ ЗА ОДМОР ОД СОНИШТАТА Еве зошто Сиде е најомилена дестинација за Македонците
Хотелите во Сиде имаат своја топлина, а најголем дел се во сопственост на семејства и станува збор за фамилијарни бизниси, па поради тоа се одлучивме да ви претставиме два од нив за кои сметаме дека ќе го привлечат и вашето внимание, како што нѐ освоија и нас.
Екипата на Плусинфо која беше дел од инфо-турата организирана од туристичката агенција „Фибула“ ги посети хотелите во Сиде, при што сѐ увери зошто токму тие се најпосакувани хотели помеѓу македонските туристи.
Причина за тоа се пристапните цени, прекрасните песочни плажи и нормално, гостопримливоста на Турците која треба да ја почувстувате.
Хотелите во Сиде имаат своја топлина. Најголем дел се во сопственост на семејства и станува збор за фамилијарни бизниси, па поради тоа се одлучивме да ви претставиме два од нив за кои сметаме дека ќе го привлечат и вашето внимание, како што нѐ освоија и нас.
Нашиот водич Фатмир при посетата нѐ информирааше дека хотелите во Сиде се најпродавани во агенцијата „Фибула“, бидејќи нудат сѐ што му е потребно на едно македонско семејство со просечни примања.
Покрај бројните хотели кои ги имаат во нивната понуда, туристичката агенција „Фибула“ има и сопствени хотели кои се наоѓаат на анталиската ривиера, а екипата на Плусинфо имаше можност да го посети „Siam Elegance Hotels“.
Турците се надалеку познати по својата гостопримливост, а тоа говори и нашиот пречек со разновидни коктели и бројни закуски.
Еден од најпродаваните хотели меѓу Македонците е „Siam Elegance Hotels“ кој е тематски дизајниран во тајландски стил.
Веднаш до градината на хотелот се наоѓа плажа со песок и ситни камчиња, но сè е толку чисто и толку убаво уредено. Сè на свое место, без метеж, како и персонал кој е премногу љубезен.
Тука никако не можеме да ги изоставиме хотелите „Terrace Beach Resort“ и „Terrace Elite Resort“ во кои менаџерските тимови се потрудија да се почувствуваме како да доаѓаме кај нив дома на гости, па оттука и грижата за услугата и понудата да бидат во најдобар ред.
Прво го посетивме „Terrace Elite Resort“ каде менаџерката Унѕиле без сомнение ни го приреди најубавиот пречек со разновидни коктели и бројни закуски, секако и саксофонистот кој се погрижи дополнително да нѐ расположи. Менаџерката Унѕиле во разговор со нас ни откри дека се подготвени за новата сезона, и дека со нетрпение очекуваа да ги угости туристите од нашата земја.
Инаку, хотелот „Terrace Elite Resort“ се наоѓа во регионот Манавгат во близина на градот Сиде. Хотелот се наоѓа на 500 метри од морето, но има своја приватна песочна плажа каде што бесплатно може да се користат лежалки и чадори, а исто така може да се земаат пијалаци и ужинки во барот.
Доколку се одлучите да не одите на плажа, можете да се забавувате и да се опуштите покрај отворени и затворени базени и неколкуте барови. Хотелот „Terrace Elite Resort“ им служи на своите гости со сеопфатен концепт. Хотелот е релативно нов, изграден е пред неколку години, а тоа може да се забележи по сместувачките капацитети кои се направени според најновите трендови за хотелите во Турција.
Потоа заминавме во хотелот „Terrace Beach Resort“ каде бевме дочекани од љубезната менаџерка Хатиџе и од нејзиниот тим, кој со насмевки на лицата ни посака топло добредојде. Таа специјално за нас организираше посебна вечера на која можевме да поразговараме за тоа какви се нејзините очекувања за новата сезона. Менаџерката ни потенцираше дека многу ја сака Македонија, која ја посетила неколку пати, како и нашите туристи, бидејќи како што ни кажа, ги чувствува како свои.
Хотелот „Terrace Beach Resort“ се наоѓа на 5 километри од центарот на Сиде, 65 километри од аеродромот во Анталија. Изграден е во 1990 година, последен пат е реновиран во 2016-2017 година. Веднаш до хотелот се наоѓа приватна песочна плажа. Должината на плажата е 100 метри, а лежалките, чадорите, душеците, крпите за плажа се бесплатни. Гостите може да користат туш, кабини за пресоблекување, како и бар на плажа.
„Terrace Beach Resort“ располага со 270 соби со поглед на море, базен и градина. Собите се опремени со: централна клима, сателитска ТВ, музички канал, минибар (безалкохолни пијалаци, вода – дневно полнење), телефон со директна линија, интернет (бесплатно), туш, фен, сеф (платен), балкон, дополнително легло (вклучено барање).
Следната нашата дестинација беа хотелите „Side Royal Style Hotel“ и „Side Royal Palace Hotel & Spa“ кои се речиси споени еден со друг. Тука имавме топло добредојде од нашиот добар пријател, менаџерот Ајдоган, кој беше среќен што повторно нѐ пречека.
Тој специјално за нас организираше посебна „а ла карт“ вечера на која покрај нашата група беа и неговите луѓе од тимот.
– Навистина ми е драго што ве гледам, некои од вас и по втор пат. Ние со Македонците имаме посебна врска и секогаш се добредојдени во нашите хотели. Верувам дека и оваа сезона, како и претходните ќе имаме гости од Македонија и се надевам дека ќе оттука ќе си заминат задволни, како и секогаш – ни рече нашиот домаќин.
Господинот Ајдоган ни откри дека тој и неговиот тим прават сѐ неговите гости да се чувствуваат како да се дома.
Тогаш го запрашавме дали сѐ уште е нивна гостинка една повозрасна госпоѓа од Германија за пред две години ни сподели интересна информација.
– Да тука е! Во моментов е дојдена со нејзиниот син и со внуците. За тие што не знаат, таа во последните 7-8 години во нашиот хотел има дојдено повеќе од 40 пати. Бидејќи ние работиме 12 месеци во годината, туристите од Германија доаѓаат и во зима. Ним повеќе им се допаѓа да седат тука, каде климата е пријатна во зимските месеци отколку да бидат во Германија. Тие речиси за киријата што ја плаќаат таму, добиваат комплет услуга, сите оброци, греење, пливање во затворен базен и спа центар, секако и секојдневно чистење на собите. Затоа сѐ повеќе Германци се одлучуваат зимата да ја минат во Сиде – ни објасни менаџерот.
Инаку кога станува збор за хотелите „Side Royal Style“ комбинира модерен стил со турски шарм за да создаде совршена сцена за одмор. Живописниот базен е совршено место за сончање, додека децата можат да се забавуваат бескрајно во аква паркот! Достапен е избор на барови и ресторани кои служат низа интернационална кујна за да уживате.
„Side Royal Palace Hotel & Spa“ е светол и модерен хотел кој му дава нагласок на традиционалниот турски стил низ неговиот декор. Тој е совршен за парови или семејства. Во хотелот ќе најдете шарени соби, различни опции за јадење и има забавен базен опремен со лизгалки.
Двата хотели на „Side Royal“ се наоѓаат на кратко растојание од плажата, каде што гостите имаат приватната плажа на хотелите, така што сте на одлична локација за да уживате во песокот и морето. До плажите може да се оди пеш, бидејќи се одалечени околу 500 метри, но доколку не ви се пешачи на секои десет минути има минибус кој ги разнесува туристите. Исто така на плажите има бар во кој можете да си земете освежителни пијалаци, кафе, коктели, сладолед, а секако и храна која се приготвува на самото место.
За крај, плажите во Сиде се посебна приказна и ни оставија најдобар впечаток. Долги, широки, пространи, исполнети со ситен песок и безброј лежалки, гарантираат удобно уживање на плажа и пријатен одмор.
Доколку престојувате во некои од хотелите во Сиде, ви препорачуваме да го посетите стариот град кој е спој на древното и модерното време. Тука се наоѓаат и ископини од античкиот град, а во непосредна близина до морето е храмот на богот Аполон со кого се поврзани интересни приказни. Градот наликува на охридската чаршија, старите куќи се обновени и се претворени во продавници.