ПЕСОЧНА БУРА ГО ПРОГОЛТА САО ПАОЛО Суша од 100 дена, а потоа црвено небо (ВИДЕО)

Не е јасно дали бурата со прашина е директно предизвикана од климатските промени, но долготрајната суша што овозможи да се акумулира бурата, секако е поврзана со покачувањето на температурите и еколошкиот колапс.

748

Гигантска песочна бура го „запраши“ Сао Паоло и неколку други градови во Бразил, откако во претходните 100 дена беше комплетна суша, пишува Футуризам. Апокалиптичната видео-снимка од бурата покажува како прашината се дига на височина неколку пати поголема од највисоките згради, а 12,3 милиони жители на градот мораа „машки“ да ја издржат – или да избегаат.

Погледнете ја темноцрвената бура, која според некои е резултат на неконтролираното сечење на шумите во Амазон.






Како што беше наведено во оригиналниот пост на Редит, овој вид бура е невидена во тој регион, што ги прави големината и сериозноста на бурата уште позагрижувачки. Иронично, но по бурата следеа силен дожд и град, невидени во последните 100 дена, а тоа предизвика големи поплави – поплави кои се измешаа со целата прашина, според весникот „Галф Денес“.

Не е јасно дали бурата со прашина е директно предизвикана од климатските промени, но долготрајната суша што овозможи да се акумулира бурата, секако е поврзана со покачувањето на температурите и еколошкиот колапс.

Наше е да се надеваме дека, дур светот се бори со предизвиците на климатските промени, песочните бури нема да станат редовна појава.

Поврзани содржини