Песните „Девојку са чардаш ногама“, „Д-мол“ и „Дрвена песна“ од Балашевиќ влегуваат во српските учебници

885

Три песни од покојниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во учебниците на српски јазик за основните училишта во Србија, пишуваат тамошните медиуми.

– Тој е важен затоа што е разновиден, а тоа е она со коешто се одликува нашиот драг Ѓоле. Така, тука ја имаме „Девојку са чардаш ногама“ – весела, оптимистична песна, потоа – „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон, објасни професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад.






Според неа, тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни.

– Затоа, тие песни се прекрасна основа за наставниците да ги анализираат заедно со учениците, да наоѓаат стилски фигури, скриено значење и оние пренесени значења, вели наставничката.

Поврзани содржини