ПЕСНИ И ОРА СО „ТАНЕЦ“ НА 7 ЈУЛИ ВО ОХРИД Почнува балканскиот фестивал на народни песни и игри

Влезот на сцената на Долни Сарај е слободен за сите посетители.

235

Со настапот на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, на 7 јули во Охрид свечено ќе биде отворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Ова 61. Издание на манифестација ќе трае до 11 јули.

Фестивалот е застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолклорни манифестации во светот.






Богатата програма ќе се одржува на сцената на Долни Сарај, а доколку временските услови не дозволуваат, таа ќе се одржува во главната театарска сала на Културниот центар ,,Григор Прличев”.

Годинава, на оваа најстара фолклорна манифестација на Балканот, ќе учестуваат неколку културно-уметнички друштва од Србија, Македонија, Словачка и Босна и Херцеговина.

Влезот е слободен, а програмата е достапна на сајтот.

 

Поврзани содржини