📽 ПЕСНА ЗА ЖИВОТОТ И ЗА МНОГУ ГЕНЕРАЦИИ Дуото ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев ја објавија „Животе брате“

Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа, велат момците од ДНК.

282

Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, пејачи, водители и актери како на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои пеат некоја песна.

Всушност станува збор за најновиот сингл на дуото – ДНК која носи наслов „Животе брате“, а на која како гостин учествува кралот на фолк-музиката Наум Петрески и светски познатиот, а сепак наш, Џамбо Агушев.






По сè изгледа ова е уште една песна на ДНК која има голем потенцијал да стане химна на народот, односно како што е нивната „Ако утре ме нема…“

Панчо и Андреј велат дека во „Животе брате метафорично преку обраќање на небото и на Бога, се обраќаат на животот.

„Животе брате, брате, дај насмевни се. Животе брате, брате дај смилувај се. Животе брате да запееме, Еднаш живееме“, се пее во рефренот на оваа песна, а тоа се зборови кои токму Андреј и Панчо ги порачуваат на сите нас.

„Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа“, велат момците од ДНК.

Инаку како и за останатите „чеда“ на ДНК, така и за оваа тие снимија одличен видеоспот со многу статисти и пријатели, а како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски.

Како локации се избрани Скопска Црна Гора и етно ресторанот Рибилимус.

Авторскиот тим е идентичен, Лазар Цветкоски се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, музиката заедничка, додека делот на трубите самиот Џамбо Агушев.

 

Поврзани содржини